| четврток, 6 декември 2018 |

Убиецот на војниците во БиХ се разнел со експлозив (фото)

Енес Омерагиќ, кој вчера вечер во сараевската населба Рајловац убил двајца војници на Вооружените сили на БиХ, извршил самоубиство во неговата куќа, пренесе Бета од безбедносни извори во Сараево.

pucnjava-u-rajlovcu-foto-anadoliadzenan-krijestorac-1447878916-787231

Според непотврдените информации, тој е разнел со експлозив. Омерагиќ вчера вечер во сараевската населба Рајловац во една спортска обложувалница уби двајца војници на Воените сили на БиХ, а потоа пукал на градски автобус, ранувајќи уште еден војник, а со  полесно повреди се здобиле  уште две лица.

Омерагиќ бил припадник на селафијското движење, објавија сараевските медиуми. Официјално се уште никој не потврдил дали во Рајловац се случил терористички акт.

Убиените војници Армин Салкиќ и Недељко Радиќ.

Убиените војници Армин Салкиќ и Недељко Радиќ.

Телевизијата на Федерацијата на БиХ објави дека напаѓачот откако влегол во обложувалницата каде почнал да пука по војниците викнал „Алаху екбер“.

Убиените војници се еден Бошњак и еден Србин кои работеле на формациските места возачи во батаљонот во Бригада  за тактичка поддршка на   Воената полиција.

pucnjava-u-rajlovcu-foto-anadolia-1447880983-787243

Screenshot_1

Screenshot_2

Screenshot_3

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top