Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Горан Сугаревски, денеска ги потврди дел од наводите објавени во неделникот Република дека СДСМ, користи услуги од српска агенција за односи со јавност.
На прашањето на „Република“ дали партијата СДСМ соработува со српска пи-ар агенција, тој вели:
-Да, соработува.
А дали СДСМ е задоволна од соработката? Сугаревски на ова изјави дека тој лично како пратеник не може да даде оценка, но како што вели, фала богу дека се задоволни. За името на агенцијата не е запознаен, односни не го знаел точно името.
Прашан пак дали тоа е истата агенција која се посочува во текстот во неделникот Република, вели не го читал тој текст.
Неделникот Република минатата недела објави текст со наслов „Кој го кара Заев на српски?“.
Извори на „Република“ откриja скандалозни информации во врска со ангажирањето и со наплатата на советниците на СДСМ од Србија, како и за подредената улога на Зоран Заев кон нив. Епилогот на тие совети е познат – државата се соочува со најголемата политичка криза, со условувања, не само кон власта, туку и кон бизнисмени, политички неистомисленици, па дури и во сопствените партиски редови, со илегално стекнати материјали, дел од нив јавно презентирани, како условување за преземање власт. Сето ова е познато. Непознато досега беше кој сѐ го советува Заев и како. Зградата на штабот на СДСМ на улицата „Павел Шатев“ крие добар дел од одговорот на тоа прашање.
Соседите и новинарските екипи забележуваат дека пред седиштето на партијата многу често е паркиран сив џип со белградски регистарски таблички. „Република “ дознава дека повеќе месеци во редовни тајминзи, најмалку еднаш во две недели, тројца луѓе со овој автомобил доаѓаат во штабот на СДСМ на средба со раководството. Тие биле „белградската врска“ која на СДСМ и Заев им нуделе помош во односите со јавноста и помагале во креирање на стратегиското дејствување. Во целата логистика, клучни биле тројца луѓе: Иван Бендер, Милјан Шчекиќ и уште еден познат естраден менаџер. Милјан Шчекиќ и Иван Беднер во 2009 година ја отвораат агенцијата „Раскин и Хант“ (Ruskin & Hunт), агенција за стратегиско планирање и за активности со односи за јавност.
Во близина на централата на СДСМ на улица „Павел Шатев“, како што тврдат нашите извори, периодично се слушале разговори на висок тон од партиското седиште. Тие разговори неколкупати завршувале и со силни кавги и со викотници во кои на српски јазик се посочувало на „неспособност“, како и дека било потребно „водење на интелигентна политика“. Според сознанијата, Заев бил и прекорен да не се излетува пречесто со изјави, особено затоа што е политичар зад кој се провлекуваат низа афери, пред сè корупциски скандали, што е сериозен недостаток и товар кој мора да се покрие.
„Република“ во понеделникот побара одговор од СДСМ за нивната соработка со странска ПР агенција. Во официјалниот допис испратен од „Република“ до СДСМ, бараме, во интерес на јавноста, а во насока на слободното и демократско информирање и залагање за отвореност на новинарството за сите теми, да добиеме одговор дали СДСМ оваа година има користено услуги од агенција за односи со јавност од Србија или советувања од лица поврзани со пи-ар агенција од Србија, како и колку ги чини и начинот на исплата за тие услуги. Но од СДСМ до денеска нема одговор. Секојдневно од прес-службата на партијата до редакциите се испраќаат соопштенија, реакции, но не пристигна никаков коментар за она што беше објавено во неделникот „Република“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)