| четврток, 6 декември 2018 |

Германија преплавена со лажни сириски пасоши

пасоши

Германските власти се немоќни против напливот на лажни сириски пасоши кои што ги користат мигрантите при барање азилантски статус. Форензички експерти тврдат дека меѓу апликациите за азил се пронајдени огромен број лажни сириски пасоши кај економски мигранти од Северна Африка кои што тврдат дека се Сиријци но тоа не може да биде докажано на суд.

Германскиот експерт за фалсификувани документи Јерг Аенлих за британскиот весник „Дејли мејл“ чиј репортер во јужна Турција успеал да купи сириски пасош, лична карта и возачка дозвола од починнат Сириец, тврди дека тој не може да најде доволно докази дека документите се лажни.

Најголем дел од нив се направени од вистинска хартија на која се печатат сириските официјални документи. Затоа пред судот Аенлих кој работи за Криминалистичкиот институт на Долна Саксонија не може да докаже дека барателите на азил не се Сиријци. Тој тврди дека некои фалсификувани пасошите содржат лажни лични инфорамации во фалсиикувани а некои патни исправи содржат точни информации во оргинални документи но не може да се докаже кои од нив се фалсификат.

Меѓу еден милион луѓе кои што годинава се очеуваат во Германија како азиланти најголем број се од Сирија и Ирак а зад нив се бегалци од Еритреја, Авганистан, Косово и Албанија кои што исто така се обидуваат на црниот пазар да купат лажни сириски докјументи.

Германските полицајци кои што беа испратени пред некоку месеци на бугарската граница со Турција успеаа да фатат пратка од 10 илјади лажни сириски пасоши кои што на европскоот црн пазар достигнуваат цена меѓу 2000 и 4000 илјади евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top