![]()
Благодарение на веб сајтот за половни автомобили Carvana, сега граѓаните на САД имаат можност да си купат автомобил со едноставно притискање на копче од првиот автомат за продавање коли во светот. Компанијата работела две години на концептот, а првиот автомат бил инсталиран уште во 2013-та година, но сега дизајнот е подобрен, а корисничкото искуство е уште подобро. „Нашиот најнов автомат е направен со врвна технологија и е повеќекатна структура која „дава“ автомобили со вметнување на пари на означеното место“, изјавил извршниот директор на Carvana, Ерни Гарсија. Автоматот е во вид на 5-катна стаклена кула која содржи 20 автомобили и е поевтин начин на купување половен автомобил за разлика од традиционалното купување. Со автоматот, потрошувачите можат веднаш да си го земат автомобилот, а моделот на работа е одличен бидејќи не е потребен голем персонал, а клиентите заштедуваат до 2 илјади долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


