Водачот на терористичката група одговорна за нападите во Париз на 13 ноември Абделхамид Абауд снимен е како насмеан шета низ улиците на француската престолнина само ден по масакрот.
Уличната камера го фатила исламистот за кој се верува дека „мозокот на операцијата“ како во саботата претпладне, 14 ноември, опуштено се шета низ центарот на Париз.
Тој при прошетката и намигнал на камерата, очигледно покажувајќи задоволство од акцијата во која загинаа 129 лица, додека повеќе стотини се повредени.
Овој скандалозен пропуст на француските безбедносни служби покрена вистинска бура на социјалните мрежи, каде илјадници незадоволни граѓани бараат објаснување како е воопшто возможно терористот, инаку од порано познат на полицијата по ситни престапи, не биде под сигурносна проверка во екот на најголемиот терористички напад што и се случи на Франција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)