| четврток, 6 декември 2018 |

Имате повеќе од 35 години и некој килограм вишок? Овие прегледи мора да ги направите

Барем еднаш годишно би требало да одиме на систематски преглед, дури и ако немаме здравствени проблеми. Во зависност од возраста и килажата, има прегледи кои мора да се направат.

Американската

Американската работна група за превентивни услуги (USPSTF), составена од медицински експерти за превенција на болести, советува дека секоја личност над 35 години мора да го провери нивото на шеќер во крвта, посебно ако има вишок на килограми.

Абнормалната висина на шеќер во крвта е знак дека вашето тело не може да ги „разбива“ шеќерите и да ги корист како што треба. Тоа не е автоматски доказ за постоење на дијабетес, но укажува дека ризикот од заболување е многу висок.

За мерење најчесто се користени орален гликоза толеранс тест, кој ќе покаже дали телото ја презема гликозата во организмот и ќе ги забележи нарушувањата во метаболизмот на шеќерот.

Ако тестот покажува дека нивото на гликоза во крвта е премногу висока, тоа е знак дека треба да ги смените начинот на исхрана и на живот, бидејќи со овие интервенции може да го запрете развивањето на дијабетес и да го подобрите вашето кардиоваскуларно здравје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top