| четврток, 6 декември 2018 |

Речиси 30 проценти од Германците ја сакаат повеќе марката од еврото

Според истражувањето на фирмата „Форса“, 27 отсто од Германците ја сака назад својата стара валута, германската марка наместо сегашното евро.

NGE-1020501432 - © - Christian Ohde/CHROMO

Во извештајот на фирмата се вели дека поголемиот дел од граѓаните, односно 69 отсто ја прифатило новата валута евро која се воведе во 2002 година како заедничка валута во Европската унија (ЕУ). Семејствата кои имаат приход над 3.000 евра, 79 отсто го преферира еврото во однос на германската марка, додека во домаќинствата каде што имаат скромен приход, помал од 1.000 евра, 49 отсто сакаат да се врати старата валута.

Претседателот на „Форса“ Манфред Гулнер изјави дека кризата во еврозоната ги уплашила граѓаните и поради тоа тие се грижат за својата заштеда и финансиската сигурност на државата. Но, како што тој истакнува, нивната загриженост сепак, не влијае во голема мера на нивниот однос кон еврото.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top