Пријателскиот фудбалски натпревар меѓу репрезентациите на Белгија и Шпанија што требаше вечерва да се одигра во Брисел со почеток од 20.45 часот е одложен, откако фудбалската федерација на домаќинот не доби цврсти гаранции за безбедноста на актерите и на посетителите на стадионот.
Селекторот на Шпанија, Висенте дел Боске, жали поради откажувањето на мечот, но, сепак нагласува дека човечките животи се поважни од фудбалската игра.
– Тажни сме што нема да се одигра еден голем фудбалски меч, но откако владата на Белгија истакна дека не може да ја гарантира безбедноста, сакавме што е можно побрзо да се вратиме во Мадрид. Човечките животи се најважни, а фудбалот е, пред сè, игра и забава – изјави Дел Боске.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Бегилските „жолти елеци“ со листа на барања кои ќе ги презентираат на протестот во сабота
-
Во Белгија нема повеќе место за нови баратели на азил
-
Трагична вест од Шпанија: Ракометари на Гранољерс загинаа во сообраќајна несреќа
-
Од 100 до 750 евра казна за оваа лудост: Погледнете што прават туристите во Шпанија