Ќе дадеме награда од 50 милиони долари за информација која ќе ни помогне да ги уапсиме криминалците, стои на веб-страната на ФСБ (FSB).
Руската федерална служба за безбедност соопшто денес дека понуди награда во износ од 50 милиони долари за информација за „терористите“ кои го соборија рускиот авион во Египет со 224 патници и членови на екипажот.
Директорот на федералната служба за безбедност Александар Бортников изјави дека причина за падот на авионот во Египет е експлозија на бомба и дека траги од експлозивот се најдени во остатоците од авионот.
Претседателот Владимир Путин изјави дека виновниците ќе бидат најдени и казнети.
-Можеме да речеме дека авионската несреќа на Синај е терористички чин, му пренесе Бортников на Путин.
-Во текот на летот бил активиран експлозив од домашно произвотство со сила од 1,5 килпограми ТНТ. како резултат на тоа, авионот се распаднал во воздухот, рече Бортников, пренесува канал „Раша тудеј“’.
Тој додаде дека Русија нуди над 50 милиони долари за информација за оние кои се вмешани во тој терористички чин.
Претседателот Путин им нареди на руските специјални служби да се насочат на пронаоѓање на виновниците за овој чин.
Џихадистите на Исламска држава кои во судирите со силите на безбедност во египетскиот дел на Синајскиот полуостров тврдат дека тие го собориле рускиот Ербас A321 само 23 минути откако полетал од летувалиштето Шарм ел Шеик, на почетокот од месецов, на летот до Санкт петербург, кога загинаа 224 патници и членови на екипажот.
Путин рече дека ова не е првпат Русија да се соочува со „варварски терористички злодела“, потсетувајќи на експлозиите на железничката станица во Волгоград во декември 2013 година.
-Не сме заборавиле никого и ништо. Убиството на нашите државјани на Синај е меѓу најлрвавите злосторства според бројот на жртвите, рече Путин.
– Акциите на нашата војска во Сирија мораат не само да продолжат, туку и да се интензивираат така што терористите разбираат дека одмаздата е неизбежна, порача рускиот претседател.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)