| четврток, 6 декември 2018 |

Вонредна сединца на ДИК – истражен судија барал списоци од 3 избирачки места во Куманово

 Државната изборна комисија закажа вонредна седница за 10 часот, со цел да се разгледа барањето на Општинската изборна комисија на Куманово, за предавање на избирачки списоци од 3 избирачки места на истражен судија, јави 24 вести.

Од ДИК не знаат зошто истражниот судија ги бара избирачките списоци и велат дека подетални информаци ќе има кога ќе заврши седницата.

До истекот на законскиот рок владеачката ВМРО-ДПМНЕ до ДИК поднесе приговори до сите 66 избирачки места во општина Центар, за 30 избирачки места во Куманово и за 17 избирачки места во Струга.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top