Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ја забележа првата победа на завршниот мастерс турнир оваа сезона во Лондон. На турнирот на најдобрите осум тенисери во светот поранешниот рекет број еден, лесно без поголеми проблеми го совлада Станисас Вавринка со 2-0 (6-3, 6-2) во сетови. Двајцата тенисери го стартуваа мечот со загубени сервиси, но во продолжение од првиот сет Надал успеа уште еднаш да направи брејк и стигна до 6-3.
Во вториот сет, Вавринка потполно потклекна, Надал поведе со 4-1 во гемови, а потоа и лесно го комплетираше мечот добивајќи го со 6-2.
Во попладневниот вчерашен термин, Енди Мареј истотака славеше победа над Давид Ферер со 2-0 (6-4, 6-4) во сетови.
Британецот освои по еден брејк во двата сета и го реши противникот.
По комплетирањето на првото коло во двете групи, Ѓоковиќ и Федерер водат во групата А со по една победа, а Надал и Мареј ги заземаа првите две места во втората група.
Денеска се игра второто коло во првата група, а дербито е закажано во 21 часот во арената „О2“ во Лондон а се среќаваат Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер во уште една тениска класика.
Претходно, во терминот од 15 часот силите ќе ги одмерат, Кеи Нишикори и Томаш Бердих.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.