Оградување со бодликава жица кое го спроведуваат членките на ЕУ, а на што сме сведоци последниве неколку месеци, до скоро беше незамисливо, а од неодамна стана сурова реалност.
Стотици километри на жица се потрошени да се оградат не само членките на ЕУ од соседите кои тоа не се, туку и помеѓу самите земји членки. Во некои земји на шенген повторно почна и гранична полициска контрола на пасошите.
Помеѓу Словенија и Хрватска расте тензијата, Загреб смета дека Љубљана со жица опфатила и дел од Хрватска, додека Словенците Негираат. Тензии има и помеѓу другите европски држави и дојде време да се прашаме дали надреалистите повторно погодиле.
За жицата и оградите погодија, но дали ќе дојде до некој посериозен судир, ќе покаже времето. Погледнете го видеото во кое „Топ листа надреалиста“ прво го предвиде судирот во Југославија, а потоа и бодликавата жица и судирите во Обединета Европа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)