| четврток, 6 декември 2018 |

Обама: Не ја изедначувајте бегалската криза со тероризмот

Американскиот претседател Барак Обама денеска побара САД да направи поголем чекор за да им помогне на оние кои бегаат поради судирите во Сирија, истакнувајќи дека бегалската криза не треба да биде изедначена со тероризмот. Тој потенцираше дека Америка не треба да прави разлика меѓу христијанските и муслиманските бегалци.

обама

– Народот кој бега од Сирија е најмногу погоден од тероризмот. Тие луѓе се најранливи, поради последиците од граѓанската војна. Тие се родители. Тие се деца. Тие се сираци. Многу е важно да не ги затвориме нашите срца за жртвите на насилството и да се обидеме да не го изедначуваме прашањето за бегалците со прашањето за тероризмот, изјави Обама.

Некои од претседателските кандидати од редовите на републиканците се залагаат само за прифаќање на бегалците кои се од христијанска вероисповест или за ограничен прием на имигранти, по терористичкиот напад на Париз, за кој презеде одговорност Исламската држава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top