Да се зголеми свеста кај граѓаните за потребата од одговорно користење на антибиотиците, бидејќи нивната неправилна употреба доведува до зголемена антимикробна резистенција (отпорноста на бактериите кон лекови). Со континуирана работа и едукација на здравствените работници и на граѓаните може да се намалат овие антимикробни резистенции или антибактериски резистенции.
Ова беше истакнато на Националниот состанок на мрежата за централноазиски и источноевропски надзор на антимикробна резистенција во Република Македонија, а по повод одбележување на првата Светска недела за рационална употреба на антибиотици која се одвова од од 16 до 22 ноември под слоганот „Антибиотици: употребувајте ги внимателно“, како и 18 ноември – Европскиот ден за рационално користење на антибиотици.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.