Со најновото известување пратено до службите од Кабинетотот на новата министерка за труд и социјална политика, се дава надлежност на претседателката на партиската комисија за труд и социјална политика на СДСМ Мила Царовска, да го одобрува или цензурира било кој одговор до граѓаните, што е спротивно на кодексот за професионално однесување на администрацијата.
Вака Фросина Ташевска-Ременски веќе третиот ден ја злоупотреби функцијата министер во полза на партија.
Додека СДСМ цело време коментираат за департизација, секој нивен нареден чекор преку новопоставените министри е само јасна слика дека опозицијата оди директно и прецизно кон партизација.
Да поставиш партиски кадар за главен цензор е еклатантен доказ за партизација.
Каде е логиката, претседателка на партиска комисија, која не е вработена во министерството за труд и социјална политика, да одобрува било каков одговор на стручните служби во министерството?
Царовска не е вработена во Министереството, а со ова директно се влијае на рушење на институциите. Ова е беззаконие и злоупотреба на овластувањата на Ременски.
Зарем вака СДСМ замислува демократизација?
СДСМ сака грубо да се замеша во животите за секој граѓанин.Тие сакаат секој проблем што го има граѓанинот, а за кој ќе се обрати до стручни служби на Министерството да оди на увид, на скен во партијата и СДСМ да одлучува за сечии судбини.
Ова значи дека се што ќе подготват стручните служби како одговор до секој граѓанин ќе треба да оди на цензура во штабот на СДСМ. Ова никаде го нема, освен во Северна Кореја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.