| четврток, 6 декември 2018 |

Мајката на терорист тврди: Мојот син не сакаше да убие никого, тоа го направи од стрес

 мајка

Мајката на еден бомбаш самоубиец, кој се разнесе во петокот во Париз, тврди дека најзиниот син не планирал да убие никого, туку тоа го направил поради стрес.

Ибрахим Абдеслам изведе напад во близина на концертната сала Батаклан, каде се саморазнесе, пренесе британскиот „Дејли мејл“.

128

Неговиот брат Мухамед Абдеслам беше уапсен во Моленбек во западен Брисел, ден по масакрот во главниот град на Франција.

Полицијата ја пропушти можноста да го уапси третиот брат Салах, кој, по нападот, беше на распит на границата со Белгија. За него сега е распишана меѓународна потерница.

Мајката на терористот тврди дека нејзиниот син немал намера да убие никого и признава дека поминал долго време во Сирија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top