По страшните терористички напади во Париз, француските и американските воздухопловни сили ги засилија воздушните напади врз седиштето на ИСИС во Сирија и тоа со бомби со посвета.
Откако во нападите за кои одговорноста ја презема „Исламската држава“ загинаа повеќе од 120 луѓе, францускиот претседател Франсоа Оланд и неговиот американски колега Барака Обама најавија безмилосна борба против тероризмот. Веќе во неделата Французите почнаа со бомбардирање на сирискиот град Рака, а Американците го сторија тоа со пишани посвети.
Имено, тие на нивните проектили наменети за „Исламската држава“ испишале порака „Од Париз со љубов“.
Се работи, всушност, за продолжение на традицијата која американските воздухопловни сили ја практикуваат уште од Втората светска војна, а не им е непозната ниту на другите земји.
Израел следејќи ја оваа традиција се најде на ударот на критиката на светската јавност бидејќи проектилите наменети за бомбардирање на Либан и на Палестина ги украсувале деца со пораки како: „Од децата на Израел за децата на Либан со љубов“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Париз во пламен! Протестите прераснаа во улична војна, наскоро ќе биде воведена вондредна состојба?
-
Војна на улиците на Париз: Нема револуцијата без насилство (фото+видео)
-
Драма во центарот на Белград: За влакно избегнат хорор, пронајдени бомби во торба која се распаѓала
-
Пронајдено возило со експлозив близу Париз