| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсен организаторот на нападите во Париз, Салах Абдеслам (видео)

terorist
Белгиската полиција успеа да уапси еден од осомничените озогласени терористи, 26-годишниот Салах Абдеслам кој се криел во предградието на Брисел, Моленбек.

Француската полиција претходно издаде потерница за Абдеслам, француски државјанин кој е роден и живее во Белгија, а кој е осомничен дека, заедно со своите двајца браќа, учествувал во нападите во Париз.

Инаку, од ова предградие е и озлогласениот џихадист Абделхамид Абауд, кој од почетокот на годината е осуден на 20 години затвор.

Француската телевизија Франс2 објави дека истрагата се сомнева дека Салах Абдеслам е „мозок“ на нападите извршени во Париз во петокот вечер, кога загинаа околу 130 луѓе. Абдеслам, кого француската полиција го посочува како „опасен“ во саботата наутро бил проконтролиран и пиштен во близина на француско-белгиската граница. Тој за нападите изнајмил автомобил, кој бил пресретнат во саботата попладне во Белгија, но осомничениот не се наоѓал во него.

Всушност изнајмил две возила кои терористите ги користеле во низа напади во француската претстолнина, а тие возила подоцна се пронајдени во близина на концертната сала и во Монтреал.

Белгиското федерално обвинителство вчера соопшти дека една личност која изнајмила едно од тое возила ја поминала полициска контрола во 9 часот и 10 минути наутро на автопатот А2 во правец на Белгија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top