Бруталниот масакр во Париз кој го разниша целиот западен свет, би требало на сите да ни претставува потсетник што е тоа што секојдневно го правиме, а што може да ги навреди и испровоцира милитантните исламисти и да ги наведе на терористички акт.
Според признанијата на припадниците на „Исламската држава“, иако изгледаат напразно, најновите терористички напади во Париз се добро планирани, а локациите внимателно и студиозно бирани.
Тоа само говори дека денеска сите ние сме потенцијална цел на „Исламската држава“, салафистичка секта во исламот, кој има сопствена екстремна интерпретација на Куранот и на шеријатскиот закон, промовира и практикува верско насилство и секој што не се сложува со нив го третира како неверник и како отпадник од верата.
Ова е само делумна листа на гревови и злосторства за кои во име на Калифатот, екстремните исламисти ги осудуваат своите непријатели на смртна казна, најчесто целосно недолжни цивили:
Летување во Египет
Шопинг во Најроби
Одење на работа во Њујорк
Летање со авион во Русија или САД
Патување со воз во Мадрид
Возење со автобус во Лондон
Одење на свадба во Аман
Чување споменик во Канада
Молитва во „нечиста“ џамија
Да бидеш Евреин
Излегување во ноќен клуб во Бали
Одење на училиште во Русија
Да бидеш новинар-репортер во Пакистан
Да се бориш за слобода на говорот во Бангладеш
Работење како инженер во Пакистан
Банкар во Истанбул
Возење со траект на Филипини
Пиење кафе во Мумбаи
Режирање филм кој ја критикува положбата на жените во Исламот
Издавач на Библијата во Турција
Преспивање во хотел во Исламабад
Молење во црква во Египет
Купување божиќни поклони во Шведска
Одење на аџилак во Ирак
Да бидеш христијанка во Нигерија
Сончање во Тунис
Занимавање со новинарство
И на крај, злодела на луѓето кои се убиени во Париз: слушање музика, одење на вечера или пијалок, навивање на натпевар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.