Од 2000 година, заклуч но со 31 август лани, според податоците на полицијата, во Македонија се случиле вкупно 703 убиства во кои биле убиени 735 лица. Од нив, дури 120 останале нерасветлени. Понатаму полициската статистика вели дека низата нерасветлени убиства е најголема во периодот на 2003 и 2004 година, кога од рекордни 75 убиства во 2003 и 56 во 2004 година, нерасветлени, вкупно за двете години, останале 36, анализира денешен „Вест“.
“Нерасветлените убиства се тежок багаж за полицијата”, велат експертите. Молкот на институциите и нивната бавна реакција за расветлување на убиствата, само им оди во прилог на изврш ителите, кои с потешко ќе може да се изнесат пред лицето на правдата, а наедно е и поттик за секој друг криминал во државава.
Ова е така бидејќи со секој изминат ден, с повеќе бледнеат трагите од извршеното злосторство, истражителите се с подалеку од доказите, а кај гра- ѓаните с повеќе се јавува чувството на несигурност и страв од опасноста која ги демне. Криминолозите велат дека нема совршено злосторство, но има погрешно водена истрага. Според нив, најголема ефикасност полицијата има во првите 48 часа од стореното убиство. Ако во тој период не се открие сторителот, со секој изминат ден с потешко е тој да биде откриен. Често на терен се случувало, додека да дојдат истражителите, местото на убиството да не биде обезбедено, па така уште од старт увидните екипи се соочуваат со тешкотии околу собирање на доказите. Слична е ситуацијата…
За целиот текст кликнете тука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
ОЈО по допрен глас отвори истрага: Ќе се гонат тие што пишуваат на Фејсбук за пожарот во Грција
-
Истрага во Србија за македонска надри-лекарка Слаѓана Велков и за Јелена Карлеуша
-
Случај „Јелка Масин“: Ќерката воопшто не била повикана на разговор во Обвинителството
-
Поранешен градоначалник на Центар под истрага за мостот Око