Официјалниот претставник вели дека Мостефаи влегол во Турција во 2013 година и дека не постои евиденција дека ја напуштил земјата. На 10 октомври 2014 година Турција од француските власти добила барање за информации во врска со четири лица осомничени за тероризам – но Мостефаи не бил меѓу нив. Во текот на таа официјална истрага, турските власти го идентификувале Мостефаи и двапати им јавиле на своите француски колеги – во декември 2014 и во јуни 2015, изјави официјалното лице.
– Ние, сепак, не добивме одговор од Франција за ова прашање – вели тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



