| четврток, 6 декември 2018 |

Рации и пукотници во леглото на џихадистите во Брисел (видео)

Белгиската полиција почна антитерористичка операција во бриселскиот кварт Моленбек, кој се смета за легло на радикалните исламисти.

Голем број припадници на полицијата во утринските часови пристигнаа во тој дел од престолнината на Европската унија, а според поединечни извори се слушаат пукотници.

belg

Белгиските медиуми јавуваат дека полицијата користејќи мегафон повикува едно лице да се појави на прозорецот од една повеќекатница и да ги крене рацете во вис.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top