| четврток, 6 декември 2018 |

Федерер лесно против Бердих во првото коло на Мастерсот во Лондон

federer

Третиот светски рекет, Роџер Федерер лесно со 2-0 (6-4, 6-2) во сетови славеше победа над Чехот Томаш бердих. Тој со победа започна завршниот Мастерс турнир во Лондон каде се среќаваат осумте најдобри тенисери.
Иако Бердих во првиот сет поведе со 2-0, пред се благодарејќи на лошиот сервис на Федерер во својот прв сервис гем каде имаше дури две дупли грешки, во продолжение од мечот се си дојде на свое место.
Федерер не дозволи никакво изненадување и веќе ги прокнижи првите два бода во групата А каде се уште и Новак Ѓоковиќ и Кеи Нишикори.

Во првиот меч денеска Ѓоковиќ го збриша Нишикори со 2-0 во сетови дозволувајќи му на Јапонецот да освои само два гема, по еден во двата сета.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top