| четврток, 6 декември 2018 |

Ирак: Франција, САД и Иран наведени како мети на терористички напади

напад
Ирачкиот министер за надворешни работи Ибрахим ал-Џафари изјави дека разузнавачките слуби во земјата дошле до информација, според која Франција, САД и Иран се меѓу државите наведени како мета на напади.Џафари не соопшти кој е можниот напаѓач, ниту посочи временска рамка на нападите.

Неговата изјава е дадена вчера, еден ден по терористичките напади во Париз, во кои загинаа 129 луѓе, а одговорноста ја презеде џихадистичката Исламска држава.

Тој нагласи дека наведените земји се информирани во врска со заканите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top