| четврток, 6 декември 2018 |

Ова е терористот кој ја поминал и Македонија, за да сее смрт во Париз

блиц

Еден од терористите кој сееше смрт во Париз, ја поминал целата балканска мигрантска рута со сириски пасош на име Ахмед Алмухамед, објави ексклузивно Блиц.

Блиц прв во светот ја објави фотографијата и идентитетот на еден од осмината терористи кои настрадаа во крвавиот пир во Париз, во кој беа убиени повеќе од 150 недолжни луѓе.

Кај еден од нив е најден сириски пасош на име Ахмед Алмухамед. Врз основа на тој пасош, француската служба на безбедност побарала помош од балканските служби, врз основа на што се утврдило дека Алмухамед влегол во Грција на 3 октомври, а преку Македонија на територијата на Србија влегол на 7 октомври. Регистриран е во центарот на Прешево каде формално побарал азил. Потоа го продолжил патот и преку Србија влегол во Хравтска, па во Австрија, од каде се упатил во Париз.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top