| четврток, 6 декември 2018 |

Одлично прво полувреме на вардарки во Ѓер

ЖРК Вардар во петтото коло од Лигата на шампионите му гостува на унгарскиот тим Ѓер. Ракометарките на македонскиот шампион игра одлично во првиот период од натпреварот и има солидна предност од три голови разлика (14-17).
Тренерскиот двоец Кастратовиќ – Питлик во првите 30 минути често го менуваше составот што вроди со плод. Се чини дека ова е најдоброто полувреме што Вардар го одигра во досегашниот дел од Лигата на шампионите. Желбата на сите во таборот на „црвено-црните“ е да се стигне до победата која значи и пренесување повеќе бодови во следната рунда, но и да се реваншира за незгодниот пораз во СЦ „Јане Сандански“ од пет голови разлика во првото коло.
Џокерот на вардарки е се чини Татјана Хмирова која игра фанстастично во нападот и одлично ги проигрува своите колешки од тимот од позицијата на среден бек.
Според играта прикажана досега, Вардар не би требало да има поголем проблем да стигне до победата на гостувањето во Унгарија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top