| четврток, 6 декември 2018 |

„Оне“: Не чувствуваме последици од аферата Словенечки Телеком

Компанијата- ќерка на словенечки Телеком во Македонија, „Оне“ тврди дека не трпи  последици од аферата за злупотреби, малверзации и апсења на некогашни челници во  Телеком Словенија., јавува 24 вести.

Истрагата е во тек и  таа не влиае врз нашето работење – велат од Оне.

Коруптивната афера, тешка 50 милиони евра, според пишувањата на  медиумите од регионот се однесува на  сомнителни инвестиции во матичната земја, но и на преземањата и бизнис зделките на  Косово и во  Македонија.

Неодамна за 24 Вести   словенечкиот новинар  Алеш Сторгар од угледниот неделник Дело изјави дека апсењата на екс директорите биле очекувани.

Пред две недели во Љубљана беа  приведни седум лица,  а кај повеќе поранешни директори на Телеком Словенија полицијата влезе и изврши претрес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top