Компанијата- ќерка на словенечки Телеком во Македонија, „Оне“ тврди дека не трпи последици од аферата за злупотреби, малверзации и апсења на некогашни челници во Телеком Словенија., јавува 24 вести.
Истрагата е во тек и таа не влиае врз нашето работење – велат од Оне.
Коруптивната афера, тешка 50 милиони евра, според пишувањата на медиумите од регионот се однесува на сомнителни инвестиции во матичната земја, но и на преземањата и бизнис зделките на Косово и во Македонија.
Неодамна за 24 Вести словенечкиот новинар Алеш Сторгар од угледниот неделник Дело изјави дека апсењата на екс директорите биле очекувани.
Пред две недели во Љубљана беа приведни седум лица, а кај повеќе поранешни директори на Телеком Словенија полицијата влезе и изврши претрес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.