Во пресрет на дербито во ракометната Лига на шампиони во машка конкурецнија меѓу Барселона и Вардар во кое се среќаваат двете првопласирани екипи во групата Б, тренерот на шпанскиот гигант и актуелен европски шампион Чави Паскал има само пофални зборови за „црвено-црниот“ состав. Вардар по шест кола е лидер во групата со само еден пораз и пет победи и вкупно собра 10 бодови, еден повеќе од Барселона.
– Ова е еден од најважните натпревари. Вардар е лидер затоа што го заслужи тоа, затоа што игра многу добро и затоа што има силен тим и одличен тренер. Станува збор за тим од самата европска елита, со тројца шпански репрезентативци (Штербик, Душебајев, Македа) и ракометари како Дибиров, Тоскиќ, Карачиќ… Вардар има артилерија за да влезе на фајналфор, тие можат да победат секото и на домашен терен и на гости. За да славиме денеска ќе ни биде потребна помош од публиката, се надевам дека нашите навивачи ќе ни ја дадат неопходната поддршка – изјави тренерот на каталонскиот гигант.
Натпреварот се игра во „Палау Блауграна“ во Барселона со почеток од 19.30 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.