Македонскиот шампион и трет на стариот континент во женска конкуренција во ракометна Европа, екипата на ЖРК Вардар денеска со почеток од 16.30 има тешко гостување во Унгарија против екипата на Ѓер. Поранешниот европски шампион, во првиот натпревар во Скопје направи изненадување и славеше со пет голови разлика (22-27).
По овој пораз вардарки почнаа да играат на нивото на кое се очекува и нанижаа три победи, една против Хипо и две со Митјиланд.
Денешниот натпревар има големо значење за двете екипи бидејќи со евентуална победа ќе го заземе првото место на табелата и ќе пренесе повеќе бодови во следната рунда.
Избраничките на Индира Кастратовиќ во Ѓер отпатуваа комплетни и се подготовени да го изиграат можеби и натпреварот на сезоната и да остварат гостинска победа, со тоа да докажат дека првиот натпревар во Скопје било само еден лош ден.
Очекувањата се големи бидејќи оваа сезона ЖРК Вардар има за цел да се искачи на тронот во Лигата на шампионите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.