| четврток, 6 декември 2018 |

Големото јужноамериканско дерби меѓу Аргентина и Бразил заврши без победник (видео)

ARGENTINA VS BRAZIL

Во рамките од квалификациите за Светското првенство во фудбал 2018 година, синоќа во Буенор Аирес на стадинот „Монументал“ се сретнаа големите ривали Аргентина и Бразил. Иако ослабени без своите најдобри играчи Лео Меси и Серхио Агуеро „гаучосите“ успеаја да извечат реми одигрувајќи 1-1.
Први во водство дојдоа домаќините со голот на Езекиел Лавеци. Бразил успеа да израмни уште во првото полувреме преку Лукас Лима. За одбележување на овој дуел е првиот црвен картон во кариерата на одличниот дефанзивец на „кариоките“ Давид Луиз. Со тоа Бразил мораше да го заврши натпреварот со десет играчи, но тоа не го искористија фудбалерите на Аргентина бидејќи до крајот на мечот останаа само две минути.
Аргентина сега се наоѓа пред сериозен предизвик, со оглед на традицијата која вели дека ниту една јужноамериканска репрезентација не се пласирала на мундијал откако не славела ниту еднаш во првите три кола од квалификациите (Аргентинците имаат две реми и еден пораз).


Argentina 1-1 Brazil Highlights – Southern… by f100001469543826

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top