| четврток, 6 декември 2018 |

Серијата на Кливленд продолжува, Леброн подобар од Кармело (видео)

lebron i karmelo

Минатогодишниот вицешампион во НБА лигата продолжува со серијата победи. Ноќеска славеше во славниот „Медисон сквер гарден“ против Њујорк со 90-86. Најзаслужен за осмата победа по ред беше Леброн Џејмс кој мечот го заврши со 31 поен од кои дури 17 во последната четвртина. Најдобриот кошаркар на денешницата му помогна на својот тим над надмине дефицит од осум поени во последните 10 минути, а го остави Кармело на само еден кош од шест обиди.
Леброн имаше голема помош од Мо Вилијамс кој постигна 20 коша, одлично менувајќи го Кајри Ирвинг, кој сѐ уште се мачи со повреда. Кај Њујорк, Мело остана на 26 поени, со шут под 50 отсто, 9/21, иако мечот го почна со 14 поени во првата четвртина.

Лос Анџелес лејкерс е најслаб тим на „западот“ откако во деветтиот меч го претрпе осмиот пораз, овојпат на гостувањето во Далас со 90-82. Коби Брајант го одигра еден од подобрите мечеви сезонава стигнувајќи со 18 поени, што сепак беше премалку за да се изненади домаќинот, во чии редови најпрецизен беше Пачулија со 18 поени.

Синоќа се истакнаа уште неколку кошаркари со индивидуални блесоци, како на пример Демаркус Казинс и Ражон Рондо кои му донесоа победа на Сакраменто со 111-109 против Бруклин Нетс. Казинс постигна 40 поени од кои дури 30 во второто полувреме, додека Рондо запиша трипл-дабл 25. пат во кариерата. Постигна 23 коша, 14 асистенции и 10 скока.

Трипл-дабл постигна и Расел Вестбрук во победата на Оклахома над против Филаделфија со 102-85. Постигна 21 поен, 17 скока и 11 асистенции.

НБА Резултати:
Индијана – Минесота 107-103, Орландо – Јута 102-93, Бостон – Атланта 106-93, Њујорк – Кливленд 84-90, Торонто – Њу Орлеанс 100-81, Чикаго – Шарлот 102-97, Мемфис – Портланд 101-100, Оклахома сити – Филаделфија 102-85, Далас маверикс – ЛА лејкерс 90-82, Денвер – Хјустон 107-98, Сакраменто – Бруклин 111-109.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top