Голем пожар избувна во дивиот бегалски камп „Џунгла“, кај пристаништето Кале во Франција, набрзо по серијата напади во Париз, во кои загинаа 126 лица.
Заменикот градоначалник на Кале, за „Раша тудеј“ изјави дека противпожарните служби се обидуваат да го стават огнот под контрола, пренесува Б92.
– Огнот зафати околу 10.000 квадратни метри. Причината за пожарот се уште е непозната, а пожарникарите се борат со огнот, иако ветрот им ја отежнува работата, рече тој.
Бегалците се обидувале да побегнат кога се раширил огнот, а според зборовите на заменик-градоначалникот, голем број од нив биле евакуирани.
Засега е непознато дали има настрадани во пожарот.
Се шпекулира дека пожарот е запален во знак на одмазда за нападите во Париз, но според мислењето на заменик градоначалникот тоа се две различни работи.
– Тоа се две одвоени работи. Пожарот нема никаква врска со нападите во Париз, рече тој за „Раша тудеј“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)