| четврток, 6 декември 2018 |

Еден од заложниците во Париз сведочи: Театарот е облеан во крв, напаѓачите извикуваа „Ова ви е за Сирија“

Вечерва во Париз во театарот во близина на канцелариите на „Шарли Ебдо“ напаѓачите држеа околу шеесетина лица во заложништво. Еден од заложниците кој успеал да се спаси посведочи пред телевизиските камери.

-Не беа маскирани. Видов еден од нив кој немаше повеќе од 20-25 години. Носеше калашников и пукаше. Има најмалку 20 тела во театарот. бегав за да се спасам, трчав 400 метри.

Очевидецот вели дека театарот е облеан со крв и дека 6-8 лица со калашникови ги држат внатре заложниците, а еден на фрнацуски викал: „Ова ви е за Сирија“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top