| четврток, 6 декември 2018 |

Париз гори: Одекнувале бомби околу стадионот, има стотина жртви (галерија) (видео)

Големото дерби на европскиот фудбал се игра на стадионит Stade de France, на кој играат играат Франција и Германија, но како што јавија француските медиуми, пред стадионот вечерва се случил ужас.

Имено, француските медиуми пренесуваат дека околу  Stade de Franceu одекнале три експлозии и дека има мртви, но засега не може да се утврди точна бројка.

Претседателот на Франција, Франсоа Оланд кој се наоѓал во свечената ложа на Stade de Francea итно бил евакуиран од стадионот.

CTuA-6DWsAAYvpd

Натпреварот сеуште се игра, но околу стадионот се распоредени специјални единици за антитероризам на француската полиција.

Во центарот на Париз, пак, во ресторан напаѓач со „калашников“ отворил оган, а агенцијата AFP јавува за 18 мртви од експлозијата кај стадионот.

CTuF0DVWoAAO6fb

Новинарот на „Би-Би-Си“ од местото на настанот вели дека гледа десет лица кои лежат и претпоставува дека се мртви или тешко повредени.

Најновите информации велат дека француските медиуми јавуваат за најмалку триесет жртви.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top