Германската полиција денеска соопшти дека во стан во баварскиот град се пронајдени телата на седум мртви бебиња, пренесува БТА.
Жителка на градот Валенфелс, во близина на границата со Чешка, го пронашла телото на бебето вчера попладне во стан во градот и повикала полиција.
Полицајците потоа пронашле уште неколку тела во една од собите на станот.
Телата се подложени на анализа во судска медицина, но потребно е време за да се добијат резултатите, бидејќи тие се во мошне лоша состојба, соопшти полицијата и презицираше дека резултатите најрано се очекуваат следната недела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



