Британскиот премиер Дејвид Камерон изјави денеска дека доколку воздушниот напад врз екстремистот, познат како Џихадистот Џон бил успешен, тоа ќе претставува пораз директно во срцето на Исламска држава.
– Американскиот воздушен напад врз британскиот државјанин Мохамед Емуази беше заеднички напор. Британските разузнавачки служби работеа деноноќно на откривање на „главниот егзекутор“ на ИД- нагласи Камерон.
– Тој напад беше акт на самоодбрана и неговото извршување е оправдано- рече Камерон.
Тој додаде дека се уште се чека потврда дали нападот бил успешен.
– Тоа ќе им покаже на оние кои им наштетуваат на Велика Британија на нашиот народ и на нашите сојузници дека сме способни да стигнеме далеку, одлучни сме во тоа и никогаш не ги забораваме нашите граѓани- додаде Камерон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.