Вчера магазинот „Холивуд Репортер“ направи голема забава во Лос Анџелес на која присуствуваа голем број ѕвезди. Помеѓу нив беше и новопечената трудница Криси Таиген заедно со сопругот Џон Леџенд. Моделот е во првите месеци од бременоста, па за ова појавување се одлучи за секси изглед. Криси носеше пантолони со висок струк со кој го скри бременото стомаче, а за горниот дел се одлучи за чипкана маичка која и прилегаше одлично.
Убавиот модел е позната по секогаш смелите модни комбинации, но во бременоста не е така. Криси покажа дека е прекрасна трудница со стил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.