Синоќа се одржаа Американските музички награди, а Криси Тајган со сигурност би ја добила наградата за фустан кој најмногу открива, доколку постоеше таква награда. Таа беше меѓу најдобро облечените жени кои се појавија на црвениот тепих.
Ја покажа својата фигура неколку месеци по раѓањето на нејзината ќерка од Џон Леџенд и тоа во долг црн фустан, со два отворени шлица од страна, кои убаво покажаа дека таа не носи долна облека. И ветерот си го направи своето!
Џон пак беше облечен во црни панталони и кошула и црно-бело сако кое совршено се вклопуваше во изгледот на Криси. Тој настапи во живо на наградите, исполнувајќи ја неговата најнова песна „Love Me Now“, а за неговиот настап го најави Криси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.