| четврток, 6 декември 2018 |

Головите од натпреварот Македонија – Црна Гора со кои нашата репрезентација го декласира противникот (видео)

makedonija 6

Вчера на Арената „Филип Втори“ во Скопје Македонската фудбалска репрезентација одигра пријателски натпревар со Црна Гора и успеа да го декласира противникот со 4-1. Ова беше деби за новиот селектор Игор Ангеловски кој пред овој натпревар најави дека нашата репрезентација ќе мора да игра офанзивен фудбал и што побрзо излезе од резултатското сивило. Неговите избраници на најдобар можен начин му вратија на селекторот и постигнаа дури четири гола.
Хет-трик на натпреварот постигна Александар Трајковски. Еден гол беше дело на Ванче Шиков, а голот за Црна Гора го постигна Стеван Јоветиќ.
Првиот гол на мечот постигна Ванче Шиков во 35. минута, а во рок од 5 минути Македонија постигна уште два гола преку Трајковски во 38. од пенал и во 40. Минута.

Во второто полувреме Трајковски во 64. Минута го комплетираше хет трикот, а Јоветиќ во 89. минута го ублажи поразот за гостите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top