Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска и утре (13 и 14 ноември) ќе престојува во работна посета на РепубликаБугарија каде што ќе учествува на вториот Форум за културна соработка меѓу Народна Република Кина и земјите од централна и од источна Европа, информираат од Министерствто.
Во рамките на Форумот, денеска е предвидено министерката за култура да има свое обраќање на панел-дискусијата на тема „Актуелните предизвици во управувањето со културното наследство и размената на културни добра“, а ќе оствари и билатерални средби со повеќе министри за култура на земјите од регионот, меѓу кои и со бугарскиот министер за култура Вежди Рашидов со кого ќе потпишат Програма за културна соработка меѓу двете министерства за периодот 2015-2017 година, а во текот на утрешниот ден и со нејзиниот кинески колега, Луо Шуганг.
На Форумот, кој се одржува по втор пат, присутните министри за култура ќе дискутираат за можностите за воспоставување поинтензивна соработка меѓу земјите од централна и од источна Европа и Народна Република Кина, со цел реализација на проекти во областите од заеднички интерес, вклучително и културното наследство.
Од особено значење е што во рамките на Форумот ќе биде усвоена и Софиската декларација која се однесува на проширувањето на културната соработка меѓу Кина и државите од централна и од источна Европа. Гостите од Форумот, во текот на вчерашниот ден, во Софиската опера и балет присуствуваа на музичко- сценскиот перформанс „Конфуциј“ на Кинеската драмска опера и Танцов драмски театар, кој пред неколку денови имаше исклучителен прием кај македонската публика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Албанскиот театар добива комплетно нов лик – Реконструкцијата завршува до крајот на годинава
-
Министерката за култура се сретна со членовите на мисијата за мониторинг на УНЕСКО
-
Канческа-Милевска: Изнесување постизборна платформа од друга држава е државен удар
-
Канческа-Милевска: Потребни се заеднички ставови кога се работи за државни интереси