| четврток, 6 декември 2018 |

„Ај кју“ победници на „Скопски фестивал“

Победник на годинешното издание на фестивалот на забавни мелодии „Скопје 2015“ кој се одржа синоќа во „Метрополис арена“ е скопската група „Ај Кју“ со песната „Убава“, која доби најмногу гласови од телевоутингот и стручното жири, според евровизискиот принцип на гласање.

Групата „Ај Кју“ ја освоија и највисоката парична награда на фестивалот 600.000 илјади денари.

Втората награда отиде во рацете на младата пејачка Симона Попоска со песната „Сеедно е“- дело на Горјан Стојановски и Никола Автовски. Поповска освои парична награда од 450.000  денари.

На третото место се пласира Сара Мејс, со песната „Градина од цреши“, која е нејзино авторско дело. Таа освои парична награда вредна 300.000 денари.

Наградата за животно дело и придонес во создавањето и афирмирањето на Скопскиот фестивал, а со тоа и на македонската музичка историја, оваа година МРТ му ја додели на композиторот, интерпретатор и музички продуцент, Славе Димитров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top