„Ај Кју“ ќе бидат македонските претставници на „Евровизија“ што ќе се одржи во Лисабон во мај. Тие ќе ја пеат песната „Lost and found“. Автор на песната е Бојан Трајковски, додека продукцијата е на Дарко Димитров.
На јавниот повик што го распиша Македонската радио телевизија пристигнаа 382 песни од домашни и странски автори, а жирито составено од музички новинари и претавници на јавниот сервис ја избра песната на „Ај Кју“ како наш претставник.
Македонија во Лисабон ќе настапи во првото полуфинале што ќе се одржи на 8 мај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.