Ѕвездата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, не се надева дека трет пат по ред, а вкупно четврти пат во својата кариера, ќе успеее да го освои највредното индивидуално признание „Златната топка“. Португалскиот голгетер на кралевите убеден е дека во јануари месец, признанието ќе биде во рацете на најголемиот ривал Лионел Меси.
– Мислам дека оваа година Меси ќе ја освои „Златната топка“. Од гледна точка на индивидуалната презентација минатата сезона беше најдобра во мојата кариера. Постигнавме навистина многу, но Меси ја освои титулата, Купот и Лигата на Шампионите. Ќе биде навистина многу тешко да го победам. Се разбира, на крајот се се сведува на гласање, но сметам дека овие три признанија ќе му бидат од корист. Ако треба да бидам искрен, сепак, не сум загрижен. И друг пат сум велел, дека не сум ни помислил дека еден ден ќе се зборува за мене како трикратен добитник на „Златната топка“, изјави Кристијано во шоуто на Џонатан Рос.
Најдобриот стрелец во историјата на белиот балет, категорично одби да го нарече Меси свој непријател, велејќи дека меѓу нив постои голема почит, а нивните односи надвор од теренот се сосема нормални.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.