Првиот бараж дуел меѓу Норвешка и Унгарија заврши со минимална победа од 0-1 за гостите. Унгарија славеше сред Осло и широко си ги отвори вратите за Европското првенство во 2016 година во Франција. Иако Норвежаните ја понесоа фаворитската улога пред мечот, сепак Унгарците со погодокот на Клеинхеслер во 26. минута од средбата успеаја да стигнат до предност пред реваншот кој ги очекува на домашен терен.
Иако победникот сеуште не е решен бидејќи претстои уште еден натпревар в недела во Будимпешта, Унгарија има голема предност со победата на гостински терен.
Во останите три бараж дуели, утре Босна и Херцеговина ја пречекува Ирска, додека в сабота се среќаваат Украина – Словенија и скандинавското дерби Шведска – Данска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)