Наместо нов видеоспот, групата „Нокаут“ ги донираше финансиските средства предвидени за негово снимање на Филип Несторовски, член на карате-клубот „Металург“, целосно покривајќи му го престојот на СП во Џакарта, Индонезија. Несторовски е повеќекратен државен првак, балкански, медитерански и светски шампион и вицешампион. Неговата порака за финансиска помош, по некоја случајност, дошла и до членовите на „Нокаут“, кои реагирале брзо, па Филип навреме успеал да замине во Џакарта и да ја претставува Македонија.
„’Нокаут’, како и секогаш, несебично ги поддржува младите и успешни таленти, било финансиски, било со учество на хуманитарни концерти. Во случајов, клубот на Филип, ’Металург’, веројатно е во финансиска криза и нема доволно средства да одвои за него, па кога по социјалните мрежи наидовме на неговото барање за спонзорство, одлучивме да ги пренамениме средствата и да му помогнеме“, истакна фронтменот на „Нокаут“, Никола Перевски-Пере.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.