Екипата на Металург попладнево ги продолжува настапите во Лигата на шампионите против екипата на Мотор Запорожје во СЦ „Борис Трајковски“.
По првите 30 минути избраниците на Лино Червар благодарејќи на одличната одбрана на чело со голманот Даниел Дупјачанецкој нанижа седум одбрани, има предност од три гола (12-9).
Цврстата одбрана која ја практикува екипата на Металург во текот на оваа сезона му дозволи на противникот да постигне само девет гола и тоа два од пенал и дури три со играч повеќе. Заради цврстата и на моменти и груба одбрана, металурзите се санкционирани со четири исклучувања по две минути, но секако импрератив е победата која многу ќе значи пред останатите три кола од групната фаза и фаќање на приклучок кон едно од првите две места кои водат во следната рунда.
Нападот предводен од Божовиќ и Шпилер иако дури осум минути игра со еден играч помалку добро се знаоѓа со високата и гранитна одбрана на Мотор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.