| четврток, 6 декември 2018 |

(ВИДЕО) Жителите на Љубанци го чекаат својот Јохан

Прославата во Љубанци почнала уште вчера по веста дека судот во Хаг донел одлука за помилување на Јохан.

Најавуваат уште поголема прослава за денот кога тој ќе дојде кај своите.

Неговиот портрет стоеше сретсело. Луѓето беа собрани пред кооперацијата, славеа за враќањето на Јохан. Договараа како ќе го пречекат, како што самите велат, македонскиот херој.

– Најсреќен момент во нашиот живот. Го чекаме Јохан по осум години да дојде. Славевме од вечерните часови до рано изутрина. Цело село беше тука. Беа и жителите на околните села. Не се заборава моментот кога слушнавме дека се враќа Јохан. Македонија го има синот свој. Тој се враќа – велат жителите.

Тие одат на аеродром да го пречекаат Јохан, по што добредојде ќе му посакаат и со прослава во Љубанци.

– Ќе го пречекаме како голем војвода, како Гоце Делчев – велат тие.

„Република“ ја сними и мајката на Тарчуловски, Гордана. Таа вели дека минутите и се часови чекајќи го Јохан да се врати.

фото и видео: Игор Ангеловски (Република)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top