На изборот за Супер модел на Универзумот за 2015 година, кој се одржа минатиот викенд во Софија, Бугарија, претставникот на Македонија Бранко Цвијетиќ ја освои титулата Мистер Фитнесс Боди, за најубаво тело од сите финалисти.
Учествуваа машки и женски модели од 25 држави од светот, а титулите ги освоија претставничката на Киргистан во женска и претставникот на Малта во машка конкуренција.
Бранко Цвијетиќ е модел во модното студио „Црнокрак“, кое ја има лиценцата за Македонија за овој интернационален избор за модели и преку кое тој настапуваше во Софија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.