| четврток, 6 декември 2018 |

Приведени 11 џихадисти во Турција

Турската полиција денеска приведе 11 осомничени џихадисти во голема операција против борци на Исламска држава во Истанбул, пренесоа британските медиуми, кои се повикуваат на агенцијата Анадолија.

џихад

Оваа масовна полициска операција е изведена со поддршка на хеликоптери.

Апсењата се изведени неколку дена пред средбата на врвот на Г-20 во летувалиштето Анталија, во јужна Турција, која ќе се одржи на 15 и 16 ноември.

Полицијата изврши претреси на над 20 адреси во различни квартови на Истанбул.

Меѓу приведените има седуммина странци.

Операцијата се уште е во тек. Се очекуваат уште апсења.

Минатата недела турската полиција во Анталија приведоа 20 лица, осомничени за врски со Исламска држава“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top